понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 113
home Општини

Во Гевгелија, Богданци и Валандово денеска ќе гласаат 114 болни и изнемоштени

Во Гевгелија, Богданци и Валандово денеска ќе гласаат 114 болни и изнемоштени

Во општините Гевгелија, Богданци и Валандово одговор на референдумското прашање денеска ќе дадат вкупно 114 болни и изнемоштени лица, како и затворениците од гевгелискиот затвор.

Најмногу, 68,  болни и изнемоштени се пријавиле во Гевгелија каде што,  според претседателката на ОИК Роберта Јанчева, од утрово се посетуваат по домовите, а истовремено до избирачките одбори се доставува избирачкиот материјал.

Во Валандово денеска по референдумското прашање ќе се изјаснат 16, а во  Богданци 30 изнемоштени и болни лица.

Единствено во општина Дојран нема пријавени болни и изнемоштени лица за референдумското изјаснување кое во општините од југоистокот од утрово се одвива без проблеми.

МИА

Коронавирус