петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Во Делчево во самоизолација 70 лица

Во Делчево во самоизолација 70 лица

Во Делчево досега во самоизолација се наоѓаат 70 граѓани. Ова го соопштија надлежните кои велат дека за непочитување на самоизолацијата и за загрозување на здравјето на граѓаните, согласно со Кривичниот законик се предвиуваат парични казни до 3.000 евра или казна затвор до три години.

Полициската станица Делчево до денеска има поднесено пет кривични пријави.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, уште еднаш упати апел до граѓаните, посебно младите од Делчево, да не се собираат во групи по домовите, манастирот Балаклија и на Голак, каде деновиве се забележани поголеми собирања и да ги почитуваат одлуките за самоизолација, со цел да се избегнат несакани последици и интервенции од полицијата.

-Јас уште еднаш сакам да апелирам до сите граѓани да ги почитуваат одлуките на Владата во оваа вонредна состојба и сите да придонесеме со свој пример и да бидеме одговорни за своето, но и колективното здравје. Младите да ги променат навиките и да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и само на тој начин ќе излеземе поголеми и подостоинствени од оваа криза. Апелирам, останете дома, бидете одговорни, не го загрозувајте здравјето на вашите родители и пријатели, потенцираше Трајковски.

Соглано препораката од Владата која се однесува за сите работодавачи, а во зависност од типот на работата и можностите, тој апелира и да се организира работата и начинот на работа на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.

Трајковски информира дека од понеделник, 23 март 2020, во Општина Делчево ќе се воведат дежурства по одделенијата и секторите, а комуникацијата со граѓаните ќе биде исклучиво по телефон или по е-пошта.

Исто така, сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, од општината додадоа дека се задолжуваат за воведување редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во нив, за да се обезбеди минимум потребното растојание од два метра помеѓу лицата пред и во објектите.

Коронавирус