четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Општини

Во Дебар и Центар Жупа гласаа 36 болни и изнемоштени лица

Во Дебар и Центар Жупа гласаа 36 болни и изнемоштени лица

Во општините Дебар и Центар Жупа своето право на глас денеска го остварија 36 болни и изнемоштени лица, колку што и беа пријавени.

Според претседателката на Општинската изборна комисија Елмира Бакали, во Општина Дебар гласале 33 лица.

– Гласаа 33 болни и изнемоштени лица, исто колку и на 21 април. За вториот круг немавме пријави. Гласачкиот материјал е распределен без проблеми и очекуваме утре се да мине во најдобар ред, исто како и на 21 април, кога во нашата општина освен за претседател на државата беа спроведени и предвремени избори за градоначалник, рече Бакали.

Во оваа општина изборниот процес утре ќе се одвива во 27 избирачки места, додека во единствениот избрачки список се запшани 18.574 лица со право на глас.

Во Општина Центар Жупа за гласање во својот дом беа пријавени три лица и тие доцна попладнево гласаа. Во првиот круг пријавено беше едно лице кое го оствари правото на глас.

Според претседателот на ОИК Еран Зубер, и во оваа општина гласачкиот материјал е распределен. Утре ќе се гласа на 16 избирачки места, додека правото на глас треба да го остварат 6.953 лица.