понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 155
home Општини

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 115 лица

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 115 лица

Во последното деноноќие во Дебар регистриран е еден нов случај со Ковид- 19.

Од потврдените први два случаи на 26 февруари до сега вкупната бројка на заразени е 180, од нив шест од Центар Жупа. Оздравени се 59, починаа шест од нив две лица од Центар Жупа. Активни на болеста се 115, од нив десеттина се хоспитализирани на Инфективната клиника и во болницата “8 Септември’ во Скопје.

Од вкупната бројка дури 129 заболени се во втората фаза на болеста,односно од петти јуни до денес, додека 26 од нив се во последните седум дена.

Непочитувањето на мерките за заштита и протоколите од страна на граѓаните и деловните субјекти, според надлежните, се главната причина за ширењето на заразата.

Според полициската статистика во изминатото деноноќие за неносење лична заштита, во Дебар на три лица им се издадени прекршочни платни налози.

Коронавирус