сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Општини

Во Дебар до 11 часот излезноста на изборите осум отсто, во Центар Жупа 6,69 отсто

Во Дебар до 11 часот излезноста на изборите осум отсто, во Центар Жупа 6,69 отсто

Во општините Дебар и Центар Жупа, се зголемува процентот на излезност на денешните вонредни парламентарни избори.

Според претседателката на ОИК Дебар, Елмира Бакали до 11 часот правото на глас го оствариле 1.505 лица или осум отсто од вкупно запишаните 18.764 во единствениот избирачки список.

Во општина Центар Жупа од вкупно 7.071 лице со право на глас, гласале 401 лица или 6,69 отсто.

Изборниот тек и во двете општини минува непречено без проблеми, со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

-Се е во најдобар ред. Има средство за дезинфекција, се почитува физичката дистанца.Тивко е, мирно, достоинствено се остварува граѓанското право, ни рекоа граѓаните кои ги затекнавме на гласачко место во деветолетката „Пенестија“.

Изборите ги следат и набљудувачи на граѓанската организација МОСТ.

Коронавирус