сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 32
Во живо

Протест во Скопје – „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Општини

Во Дебар деветта жртва од коронавирус

Во Дебар деветта жртва од коронавирус

Станува збор за 63-годишен пацинет кој болнички се лекувал, со што вкупната бројка на починати од почетокот на пандемијата се зголеми на девет лица, четворица во првата и петтмина во втората фаза од болеста.

-Во последните 24 часа не се регистрирани новозаразени, а ниту оздравени лица. Активни на болеста се 73 лица, поголемиот процент се со полесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови, дел се лекуваат амбулански во Општата болница во Дебар, а само неколку во здравствени установи во Скопје, потврди за МИА, градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

Од почетокот на пандемијата до сега вкупната бројка на заразени изнесува 237, од нив 186 во втората фаза. Од нив во списокот на оздравени се внесени 155 лица.

-Упатувам силен апел до сите строго да ги почитуваат препораките за заштита, зашто повеќе од јасно е дека невидливиот непријател уште е меѓу нас. Посакувам сите да бидеме внимателни и одговорни како што тоа бевме во првата фаза,за да се заштитиме себе си, нашите роднини, пријатели, соседи, апелира градоначалникот Дука.

Од друга страна, бројот на оние кои не ги почитуваат препораките и понатаму е голем.

Според полициската статистика, во последното деноноќие издадени се осум прекршочни платни налози за ненонесење заштита маска, или околу 140 во овој месец./МИА

Коронавирус