сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 58
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Општини

Во Битола отворена изложба на кошули и горни традиционални облеки

Во Битола отворена изложба на кошули и горни традиционални облеки

НУ Центар за култура-Битола приреди изложба на кошули и горни традиционални облеки од збирката на Музејот за народни носии на колекционерот Јоне Ефтимовски чиј музеј е лоциран во преспанското село Подмочани.

Станува збор за народни носии од Скопска Црна Гора, Охридско Поле и други краишта во Македонија, избрани носии од над 500 кошули и горни традиционални облеки што ги поседува музејот, појасни колеционерот Ефтимовски на синоќешното отворање на изложбата во Битола.

-Трет пат изложувам во Битола и одлучив повеќе внимание да посветам на кошулите и облеки од Пелагонија кои имаат посебни белези и се разликуваат од другите. Најголем дел од кошулите се од почетокот на 19 век, но има и постари кошули кои грижливо ги чувам за да не се оштетат. Кошулите и народните носии од разни краишта во Македонија ги собирам 50 години и не ги продавам, истакна Ефтимовски и дополни дека кај младите се намалува интересот за носење народни носии, додека пак возрасните и македонците од дијаспората почесто сакаат да ги имаат како дел од своите колекции.

Изложбата на кошули и горни традиционални облеки од збирката на Музејот за народни носии на колекционерот Јоне Ефтимовски ја отвори Маја Андоновска Илиевски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Коронавирус