сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Во Битола до 13 часот гласале 25,6 проценти

Во Битола до 13 часот гласале 25,6 проценти

Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 13 часот гласале 25,6 проценти од вкупниот број избирачи запишани во Единствениот избирачки список во кој се евидентирани 80.882 граѓани со право на глас.

-Извршив посета на повеќе избирачки места и по обиколката низ урбаните и руралните средини констатирав дека нема регистрирани проблеми, а намалената динамика на одредени места предизвикана од новиот технички процес е стабилизирана, изјави претседателот на ОИК, Игор Талевски.

Изборниот процес во Општина Битола се реализира на 170 избирачки места. Евидентирани се шест кандидати за градоначалник и 14 листи со кандидати за членови на Советот на Општина Битола.

Коронавирус