четврток, 6. август 2020. Вести денес: 173
home Општини

Во Берово започна дезинфекција на гласачките места

Во Берово започна дезинфекција на гласачките места

Во насока на директен придонес кон безбедно гласање на граѓаните и заштита на нивното здравје, во Берово започна дезинфекција на сите гласачки места во општината.

Како што информираат надлежните вечер од 19 часот ќе бидат дезинфецирани и улиците околу гласачките места.

– Со тоа сметаме дека ќе се обезбедат сите предуслови за безбедни гласачки места каде граѓаните ќе го остварат своето право на глас. Со тоа гласањето ќе биде целосно безбедно поради што граѓаните треба да излезат масовно да го дадат својот глас за својата политичка опција и со тоа да го покажат патот по кој ќе се движи државата во следните четири години, информираа надлежните.

Од општинската изборна комисија информираат дека во Берово утре ќе се гласа на 16 избирачки места, а со право на глас се 10.797 граѓани.

Коронавирус