сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 68
home Општини

Во Берово и Пехчево денеска гласаат 14.811 граѓани

Во Берово и Пехчево денеска гласаат 14.811 граѓани

Во малешевските општини Берово и Пехчево без проблеми тече изборниот процес кој започна навреме во сите избирачки места. Како што информира Славчо Страторски претседател на Општинската изборна комисија во Берово, своето право на глас на денешните Локални избори можат да го остварат 10 746 гласачи.

-Во ОИК Берово навреме се отворени сите гласачки места, гласањето се одвива тековно со решавање на проблемите со УБИГ апаратите. Вкупно имаме 16 избирачки места на кои можат да гласаат евидентираните 10 746 гласачи, истакна Страторски.

Во Берово на Локалните избори учествуваат четири кандидати за градоначалници, додека за избор на Општинскиот совет се гласа за четири советнички листи.

Во соседно Пехчево, како што информираа од Општинската изборна комисија, денеска се гласа на девет избрачки места, а право на глас имаат 4 072 избирачи, кои се евидентирани во Избирачкиот список. Во оваа малешевска општина се гласа за еден од тројцата кандидати за градоначалници и вкупно три советнички листи.

Коронавирус