понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 2
home Општини

Во Берово и Пехчево без проблеми се одвива гласањето на вкупно 25 избирачки места

Во Берово и Пехчево без проблеми се одвива гласањето на вкупно 25 избирачки места

Во малешевските општини Берово и Пехчево без проблеми тече гласањето за Предвремените парламентарни избори. Според информациите на Мишо Догазански претседател на Општинската изборна комисија во Берово, во оваа општина се гласа на 16 избирачки места каде утрово навреме започнало гласањето.

-Во Берово вкупно 10.797 граѓани имаат право на глас. До 9 часот гласањето течеше во најдобар ред и без никакви проблеми. Во моментот имаме податоци од селата Мачево и Владимирово. Во Мачево до 9 часот од 140 гласачи вкупно 17 лица го оствариле своето право на глас додека во Владимирово од 530 евидентирани гласачи, гласале 35 лица до 9 часот, истакна Догазански.

Во Пехчево денеска своето право на глас можат да го остварат 4092 гласачи.

-Тие ќе можат да гласаат на едно од деветте избирачки места. Вчера гласаа болните и изнемоштени лица. Изборите се одвиваа во најдобар ред и без проблеми, истакна Андреј Каракашев, претседател на Општинската изборна комисија во Пехчево.

Во Пехчево се сумираат бројките до 9 часот по што најавија конкретна бројка за процентот на излезност во оваа општина.

Коронавирус