четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 83
home Општини

Во акумулациите Липково и Глажња има доволно количини на вода

Во акумулациите Липково и Глажња има доволно количини на вода

Кумановци ќе имаат вода за пиење во текот на целото лето, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Во моментов во двете акумулации, Липково и Глажња има околу 17 милиони метри кубни вода. Според надлежните овaа количина е доволна за да се задоволат потребите и за пиење и за земјоделците за наводнување.

-Во моментов има рестрикции за вода за земјоделците, со тоа што тие имаат два дена вода за наводнување, додека три дена се исклучени. Целта на оваа наша регулатива е да ја зачуваме водата за Куманово и Липково да има во текот на целата година. Водовод Куманово троши годишно околу седум и пол милиони метри кубни вода, зависно од потрошувачката на граѓаните и ние сме подготвени да им ја испорачаме целокупната количина, изјави директорот на „Кумановско-липковско поле“, Оливер Илиевски.

Ова претпријатие ја почна сезоната со 15 милиони кубни метри вода, сега има уште два дополнителни. Екипите редовно ги сервисираат дефектите во текот на целата година.

Илиевски појаснува дека имало реакции од граѓаните за појавата на алги и за црвеникавата боја на водата во акумулациите.

-Имаше реакции од граѓаните за квалитетот на водата како што потенциравме минатиот пат го испитавме квалитетот на водата во акредитирана лабораторија и се потврди дека црвената боја над водата која во моментов е повлечена е од цветови на алги, имаме микробиолошки анализи каде што се потврдува дека водата во браната Липково и Глажња е од прва категорија за пиење. Нормално по прочистување во филтер станица, нагласува Илиевски.

Коронавирус