петок, 23. јули 2021. Вести денес: 147
home Општини

Внимавајте: Расте бројот на заболени од грип во Куманово

Внимавајте: Расте бројот на заболени од грип во Куманово

Последните три недели речиси тројно се зголемил бројот на заболени од грип во Куманово, покажуваат податоците од Центарот за јавно здравје Куманово.

Во јануари биле евидентирани 267 лица, а последниве три недели регистрирани се 844 заболени од грип и симптоми слични на грип. Најпогодена возрасна група е од 15 до 64 години или вкупно 500-тини лица, 209 заболени се деца од училишна возраст, а 72 се деца до четири годишна возраст.

– Земени се 15 брисеви за утврдување на типот на инфлуенца и Институтот за јавно здравје потврди дека шест се позитивни на инфлуенца од тип Б, изјави доктор, Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје, пренесува МИА.

Последнава недела, 155 лица пациенти побарале помош за лекување на инфективното одделение во кумановската болница, а дваесет лица биле хоспитализирани. Оваа недела здравствената установа евидентирала и 3.019 лица со респираторни инфекции. Од почетокот на сезоната од октомври, минатата година до денес, регистрирани се вкупно 1.220 лица заболени од грип.

Лекарите советуваат примена на хигиено-дитетески режим при првични симпоми на грип, мирување, внесување на доволно течности, витамини, проветрување на просториите. Доколку симптомите се влошат, тогаш, болните треба да  побараат помош  од матичните лекари.

Коронавирус