недела, 9. мај 2021. Вести денес: 70
home Општини

ВНИМАТЕЛНО: На ова подрачје изречени 129 казни – полицијата отстранила пијан возач од сообраќај

ВНИМАТЕЛНО: На ова подрачје изречени 129 казни – полицијата отстранила пијан возач од сообраќај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.04) продолжи со засилените акциски контроли вообласта на сообраќајот.

На 13.04.2021 на подрачјето на СВР Битола биле извршени контроли во сообраќајот, при што биле откриени и санкционирани 129 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 11 возачи кои не поседувале возачка дозвола, две возила со истечена регистрација, пет возачи кои зборувале на мобилен телефон, двајца кои не користеле сигурносен појас и двајца кои извршиле неправилно престигнување. Под дејство на алкохол бил еден возач и тој бил отстранет од сообраќај.

За сите прекршоци издадени се соодветни налози. Засилените сообраќајни контролипродолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваатсообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот изаедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус