понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 131
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Штип реагира на незаконски одлуки на СДСМ во општината

Сакајќи правдата да излезе на виделина, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава до Инспекторатот за Локална самоуправа, за да ги стопира овие незаконски Одлуки на СДСМ во Советот.
ВМРО-ДПМНЕ Штип реагира на незаконски одлуки на СДСМ во општината

Наместо Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија да бидат места каде ќе се судираат идеи на интелектуалци и докажани граѓани, од вчера станаа место за задоволување на партиски интереси, обвинува Весна Ничева, советник во општина Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

-Мнозинството во Советот на општина Штип вчера ги поткопа правните норми кои владеат во државава. На вчерашната седница на Советот, СДС изгласа Одлуки со кои докажува дека веќе нема да постои професионалност во овие многу важни тела. Одлуките на Советот за избор на членови во Управни и Надзорни одбори во Јавните претпријатија, се преседан во работата на највисокиот орган на локално ниво. Изгласаните членови во Управни и Надзорни одбори во Стипион и Исар, НЕ ги исполнуваат основните законски услови, пропишани во Законот за јавни претпријатија, со кое се докажува пристрасноста на народните избраници, вели Ничева.

Сакајќи правдата да излезе на виделина, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава до Инспекторатот за Локална самоуправа, за да ги стопира овие незаконски Одлуки на СДСМ во Советот.

-Мандатот на Советниците потекнува од граѓаните. Со поднесување на оваа пријава, ги застапуваме интересите на граѓаните на општина Штип и се бориме за професионалност и ефикасност во сите органи на локално ниво, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Коронавирус