среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 106
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Штип: До каде оди незаконското и коруптивно делување на СДС?

ВМРО-ДПМНЕ Штип: До каде оди незаконското и коруптивно делување на СДС?

До каде оди ароганцијата и самобендисаноста на СДСM, прашува советникот на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Љубе Здравков.

-До каде оди незаконското и коруптивно делување на СДС? До каде оди силувањето на демократијата од страна на СДС? Изгледа дека нема крај драги сограѓани. Иако ВМРО-ДПМНЕ повеќе пати укажуваше на неспоивоста на функции, нивно дуплирање и триплирање, а со тоа и можно коруптивно делување, СДС продолжи со самоволието и невидената арогантност. Последен пример на ваквото однесување е работата на Комисијата за спорт при Советот на општина Штип и нејзиниот нестатутарен претседател, советникот Елвир Мандак.

Тој потенцира дека Мандак е советник во Советот на општина Штип, претседател на Комисијата за спорт и спортски директор на ФК Брегалница.

-Истиот, без да му трепне око, небаре дели лични средства, а не пари на граѓаните, доделува 10.000.000 (десет милиони денари) граѓански пари, каде што да повториме е спортски директор. Класичен пример на коруптивно однесување. Случај за антикорупциската комисија, но и случај за кој треба да се произнесат и другите надлежни државни органи. Ги охрабруваме пишаните и електронски медиуми, претставниците на новинарската фела, да се вклучат со свои истражувања и реакции на ваквото силување на демократијата и самоволието кое го спроведува СДС, порачува Здравков.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина будно ќе го следи работењето и однесувањето на СДСМ и за тоа јавно ќе ги извести граѓаните на општина Штип.

Коронавирус