недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 81
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи проектот „Злетовица“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи проектот „Злетовица“

И тогаш кога партиските ботови на СДСМ ќе се впуштат во споделување на “ЌЕ” информација, за тоа што “ЌЕ” се работело, информација од 2017 година (пази 2017 година – и тогаш и сега имаат апсолутна власт), добро е да ги потсетиме кој цело време го кочи проектот “Злетовица”

❗️За потсетување, еве како се одвиваше работата во ХС “Злетовица”.

ЈП “Студенчица-Злетовица” дваесетина година правеше техничка документација и со парите од месниот самопридонес изгради само неколку километри цевковод за Пробиштип, кој што беше целосно нефункционален, за подоцна да мора целосно да биде заменет.

ЈП ХС “Злетовица” како посебно јавно претпријатие се формираше во 2001 година, во времето кога со владата раководеше ВМРО-ДПМНЕ. Се обезбедија 10 милиони евра од продажбата на телеком, се отворија канцеларии, се вработија луѓе и отпочна со работа проектот “Злетовица”.

За жал во 2002 година на власт дојде СДСМ и се сè стопираше.🤦‍♂️

Во 2006 година кога повторно на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ се отпочна градба на првата фаза од проектот. На 13.06.2007 година се стави камен темелник на бараната “Кнежево”, а проектот успешно се заврши на крајот на 2012 година.

Свети Николе користи вода од хидросистемот “Злетовица” уште од 2011 година, а Пробиштип ја користи водата со изградбата на новата филтер станица, односно почетокот на 2013 година.

По успешното завршување на првата фаза веднаш се обезбеди грант од ЕИБ за изработка на техничката документација за фаза 2 и 3, со што започна барањето на кредит од 50 милиони евра од ЕИБ.

Но, за жал, повторно дојде СДСМ на власт и повторно не врати во минатото, повторно незнаење, безидејност, лаги, демагогии, но овој пат за среќа останува уште многу малку време за такви игри. Уште само неколку месеци!

Сосема е јасно дека продавате ветер и магла, а на нашите сограѓани и онака им е стемнето од вашите лаги.

За среќа во Април доаѓаат промените и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се насочи на продолжувањето на овој проект, изградбата на 2 и 3 фаза.

Обновата на Македонија доаѓа 🇲🇰