четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ побара општина Аеродром да издвои средства за потребите на учениците, Марин и СДСМ не дозволија

ВМРО-ДПМНЕ побара општина Аеродром да издвои средства за потребите на учениците, Марин и СДСМ не дозволија

На вчерашната седница на совет поднесовме 500 амандмани на ребаланс на буџетот на Општина Аеродром за 2020 година.

Инсистиравме градоначалникот и мнозонството во советот предводено од СДС да одвојат средства за набавка на IT опрема за потребите на учениците во основните училишта кои не се во можност да ја следат наставата on-line, како и средства за субвенционирање на трошоците на родителите за партиципација во градинките во Аеродром, за периодот додека траеше вонредната состојба.

500 пати #Марин и советниците на СДС рекоа НЕ!

Пари има за секакви будалаштини, од финансирање на разно разни невладини, блиски до власта, до набавка на трактори од Кочо Анѓушев, само за тоа што треба, нема.
Имаме #крадоначалник, но за жал немаме #градоначалник.

Се интересира само за сопствени потреби, а е глув за потребите на аеродромци.

(ФБ статус на Пане Антовски- советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром)

Коронавирус