сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 96
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе советници од СДСМ и во советот на општина Охрид

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе советници од СДСМ и во советот на општина Охрид

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашните локални избори освои повеќе советнички места од СДСМ.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ во новиот совет на општина Охрид ќе ја застапуваат 10 советници, СДСМ 8, ДУИ 2, Левица 1, ГИ Невена Георгиевска 1 и ГИ Димитар Велјановски 1.

Во Охрид ќе има втор круг за избор на градоначалник. Во вториот круг кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков влегува со предност од над 1.900 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Константин Георгиевски.

Коронавирус