сабота, 28. март 2020. Вести денес: 94
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Свети Николе: СДС И Зоран Заев ги поминува последните денови од нивното криминално и расипничко владеење

ВМРО-ДПМНЕ ОК Свети Николе: СДС И Зоран Заев ги поминува последните денови од нивното криминално и расипничко владеење

Криминалната структура која три години не‘ држеше како заложници во сопствената држава, почна да лизга по удолница. Дојде крајот на силувањето на народот и неговата волја, ова преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Свети Николе.

-За жал, овие три години во историјата на самостојна Македонија ќе останат запаметени по неисполнети ветувања за:

⚠️ 500 евра просечна плата,

⚠️ 800 километри автопати,

⚠️ Клинички болници во Штип и Скопје,

⚠️ 100.000 денари плати за докторите,

⚠️ чист воздух во секој град и населено место…

Но, нема да ги заборавиме и:

⚠️ товарените милиони на контото на фамилијата Заеви,

⚠️ 40.000 партиски војници во јавна администрација,

⚠️ лошите и непродуктивни законски решенија,

⚠️ задолжувањето на Македонија со над 700 милиони евра…

  • Случајот Рекет
  • Партизираното судство и администрација
  • Полноќното шверцување на Законот за јавно обвинителство кое ќе го претставува токму тоа… Срамен крај на најсрамниот период во македонската историја!

Колку и да броиме, не можеме да ја доловиме тешко надоместливата штета, која ни ја направи човекот што власта ја претвори во извор за лично богатење. Македонскиот народ нема да ја заборави свитканата кичма од Муртинскиот трговец – промената на библиското име на државата и закопување на нашата вековна историја, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Свети Николе додаваат дека за среќа, доаѓа долгоочекуваната промена. Доаѓа обновата, и тоа на голема врата. Доаѓаат луѓе кои ќе кажат НЕ на секоја неправда за македонскиот народ. Доаѓа редот кога правдата и правдината ќе ја победат неправдата и криминалот на Зоран Заев и СДС Доаѓа времето кога ќе кажеме дека е ДОСТА од порази! Нема да дозволиме да не повлечат во провалијата во која тонат! Доаѓа времето кога нема да се  дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните!

-Доаѓа ВМРО-ДПМНЕ, партијата која реформира, креира и надградува! Во новата програма ВМРО ДПМНЕ на чело со идниот Премиер на Република Македонија Христијан Мицковски на граѓаните им нуди цела плејада на мерки за подобрување на нивниот живот:

  • Зголемување на просечната плата за 25 % во еден мандат или просек околу 6500 денари
  • 20 % зголемување на пензиите или 3000 денари повеќе за секој пензионер
  • Намалување на невработеноста под 10 %
  • Ослободување од персонален данок за младите до 29 годишна возраст
  • Воведување на рамен данок од 8 %
  • 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за еден мандат
  • Нов автопат Велес – Битола
  • Нов асфалт за сите регионални патишта и инвестиција од 2 милијарди во нив
  • Нов експресен пат Куманово-Крива Паланка
  • Нов експресен пат Битола до грчка граница
  • Нов експресен пат од Струмица до Бугарија
  • 5 нови возови
  • 300 милиони евра во нови водоводни и канализациони мрежи
  • Нови евтини летови до европските аеродроми
  • И многу други проекти.

Обновата на Македонија е веќе започната. Оваа политичка структура на чело со СДС И Зоран Заев ги поминува последните денови од нивното криминално и расипничко владеење. На 12 април 2020 година на ден Цветници граѓаните на Република Македонија ќе изберат просперитет и напредок, ќе изберат одговорни политичари кои ќе ја водат државата во светла иднина. На 12 април граѓаните ќе им кажат едно големо ЗБОГУМ. На 12 април започнува ОБНОВАТА НА МАКЕДОНИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД  ВМРО ДПМНЕ, стои во нивното соопштение до јавноста.