понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Време е да се споредат фактите со ветеното, за да можат граѓаните самостојно да извлечат заклучок за неработењето на градоначалникот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип: Време е да се споредат фактите со ветеното, за да можат граѓаните самостојно да извлечат заклучок за неработењето на градоначалникот

Помина една година откако пред граѓаните на Општина Штип, без да штедите зборови, за да седнете на градоначалничката фотелја, ветувавте живот. Редовно ги користевте зборовите транспарентност, капитални проекти и живот за сите, ова денеска на прес-конференција го истакна Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Меѓутоа, ако Вашите резултати ги цениме за она што го направивте во изминатава година, тогаш ние научивме нешто ново. Кога сте зборувале за транспарентност, најверојатно сте мислеле на доделување на средства на невладини организации кои се во блиска соработка со Вашата партија, при што ист човек два пати доби средства на ист повик.  Кога зборувавте за капитални инвестиции и проекти, редовно ги споменувавте СРЦ Суитлак, жичара до Исарот или 10 сантиметри асфалт на улиците. Првите две се’ уште не сме ги виделе, додека за квалитетот на асфалтот ние ништо нема да коментираме, затоа што граѓаните веќе сведочат на изникната трева врз новиот асфалт.  А, кога зборувавте за живот за сите, наивно ги враќавте младите во Штип со та што ветувавте неповратни грантови за иноватори, неповратни грантови за млади земјоделци, финансирање на бруто-плати на млади луѓе кои завршиле образование и се подготвени да се обучуваат или трајно да се вработат, а и намалување на сметки за комуналии за 50% за оние кои ќе изградат дом до 150м2.  Ова се само дел од празните зборови кои пред една година Градоначалникот ги расфрлаше пред граѓаните, потенцираше Јорданов.

Тој додава дека дојде време за вистинска отчетност и транспарентност пред електоратот!

-Затоа, почитуван Градоначалник, Ве повикувам да одберете медиум и време и заедно да ги спротивставиме аргументите пред граѓаните на општина Штип, за да ги презентирате сите оние работи кои што сте ги направиле и како и сите пари што сте ги потрошиле во изминатиот период. Време е да се споредат фактите со ветеното, за да можат граѓаните самостојно да извлечат заклучок за Вашето неработење во досегашниот мандат.  Затоа што, транспарентноста не е само збор, тоа се конкретни чекори и дела со кои треба да ја оправдате довербата пред граѓаните, рече Јорданов.