сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 62
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Скандалозна распределба на средства за невладини и спортски клубови во Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Скандалозна распределба на средства за невладини и спортски клубови во Прилеп

Распределбата на средства од буџетот на општина Прилеп наменети за невладини организации и спортски клубови, која се очекуваше уште од јануари, конечно се случи, а висината на сумите е повеќе од контроверзна. Оваа одлука значи се друго освен подобрување на граѓанската активност и развојот на спортот во градот, ова преку изјава за медиумите го потенцира Стефанија Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-Истакнати членови и активисти на СДСМ имаат добивано високи и несразмерни за сработеното средства, додека спортски клубови кои изминатата година во одлично светло ги претставиле градот и државата, добиле само симболични суми. Затоа на Прилеп и спортот во Прилеп му се случува токму ова! Затоа спортот е во колапс, затоа клубовите пропаѓаат, настапуваат во понизок ранг на натпреварување, а младите се обесхрабрени да спортуваат и да се натпреваруваат. Секоја чест за клубовите и невладините организации  кои изработиле одлични проекти и кои како и секоја претходна година во одлично светло ќе ги одработат зацртаните планови, но од друга страна ги прашуваме властите: Во што се подобри проектите и успесите на вашите партиски послушници, кои патем редовно ги гледавме на прес конференциите од СДСМ и градоначалникот Јованоски, од успесите на некој клуб, кој носи грст медали од секое натпреварување?, пршува Стојаноска.

Таа прашува и како клубот на поранешниот декан од Прилеп заслужи 500.000 денари, а речиси сите останати по 20 или 30.000 денари?

-Како ракометниот клуб на Гоце Макалоски доби 90.000 денари, а останатите ракометни школи само по 20? И да сакавме не можевме да не забележиме дека единствен критериум во доделувањето на средствата е партиската припадност и активност. Толку од вашата чесност, искреност и транспарентност. Ова е уште еден доказ дека така наречениот “живот за секого” е дојден само за луѓето од и блиски до власта на СДСМ. Затоа граѓаните, спортските и културните работници, како и граѓанските активисти ова ќе го паметат. Оваа распределба е понижување на нивната работа, посветеност и желба да направат нешто повеќе за градот, општеството или целните групи кои ги претставуваат, истакнува Стојаноска.

Коронавирус