вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Се заблагодаруваат пред хероите кои се бореле за независна, суверена и самостојна Република Македонија, а не за нивната творевина Северна

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Се заблагодаруваат пред хероите кои се бореле за независна, суверена и самостојна Република Македонија, а не за нивната творевина Северна

Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талевски, пред два дена овде на ова место бесрамно се фотографираа и полагаа некаква почит кон хероите чии дела и жртва ја продадоа. Се заблагодаруваат пред хероите кои се бореле за независна, суверена и самостојна Република Македонија, а не за нивната творевина Северна, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-Без срам и без никакво чувство, буквално како ништо да не било, се прават патриоти, а целата нација знае дека се најголеми предавници кои историјата ќе ги памети и ќе им суди. Вие немате никакво право на паролата која ја истакнувате, затоа што ништо не направивте за да ги зачувате и унапредите делата на борците чии коски почиваат овде во алејата на хероите. Вие сте само соучесници во овој современ геноцид кој секојдневно се извршува врз македонскиот народ, геноцид кој значи бришење на историјата и посебноста на Македонците, потенцираат од партијата.