петок, 3. април 2020. Вести денес: 5
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Прилепското езеро испразнето пред претстојната земјоделска сезона, тутунарите загрижени

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Прилепското езеро испразнето пред претстојната земјоделска сезона, тутунарите загрижени

Поради неспособностa на СДСМ да менаџираат со езерото, во прашање е ставена иднината на 10.000 земјоделски семејства од целиот регион, чии земјоделски култури ќе останат без вода, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Сега веќе е јасно дека земјоделците одново ќе се соочат со недостиг од вода за наводнување, бидејќи на само неколку месеци од почетокот на работата во полињата езерото речиси е празно. За оваа еколошка катастрофа која и оваа година им се подготвува на земјоделците некој мора дебело да одговара. Ве прашуваме, како ли без малку срам се појавувате пред нив, пред оние кои деноноќно работат за да обезбедат егзистенција за нивните семејства и барате гласови? Зарем ви е малку тоа што стотици тутонопроизводители од Прилеп и прилепско деновиве ги оставате без пари и без откупен тутун, па оваа година планирате да ги оставите и со празни ниви? Како планирате да го наполнете езерото чиј вкупен капацитет изнесува 6 милиони метри кубни вода?, прашуваат од партијата.

Коронавирус