среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 179
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба во градскиот пазар?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба во градскиот пазар?

Наместо да се закануваат со тужби за навреда на честа и угледот преку соопштенија во неколку реченици, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, веднаш да излезат пред јавноста и да одговарат на нашите прашања, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-Кој и што гради во градскиот пазар во Прилеп? Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба? Што и дали е предвидено да се гради над дуќаните во комплексот “Филип Втори” во градскиот пазар? Дали, било каква градба е предвидена со Деталниот урбанистички план на општината на оваа локација?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.