вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Општини

Ристевски: Цел месец роднини му граделе без дозвола во центарот на градот, а градоначалникот дури сега дознал

Ристевски: Цел месец роднини му граделе без дозвола во центарот на градот, а градоначалникот дури сега дознал

И после повеќе од две години, ни трага, ни глас, од реализација на проектот нов театар во Прилеп, кој го ветуваше градоначалникот Илија Јованоски пред изборите, вчера се случи театар комедија во општината. Во главна улога никој друг, туку самиот градоначалник, во претставата “Марсовец во Прилеп”. Роднините му граделе на градоначалникот без дозвола во центарот на градот, а тој не знаел.

Граѓаните се шокирани и со неверување гледаат на целата оваа работа, особено откако градоначалникот истакна дека дури сега разбрал дека се работи за дивоградба која не е предвидена во урбанистичките планови на општината и за која нема одобрение за градба.

Дури сега разбрал градоначалникот, а градежните работи на овој објект се започнати пред повеќе од месец дена!

Денеска уште еднаш го прашуваме градоначалникот:

Постојат ли други вакви објекти кои без одобрение за градба и без да бидат предвидени во урбанистичките планови ги градат ваши роднини, братучени и внуци?

ИЗЈАВА НА ВМРО-ДПМНЕ ОК ПРИЛЕП