сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 103
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: СДСМ откако дојде на власт образованието во Охрид го допре дното, нема нови градинки, ниту училишта

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: СДСМ откако дојде на власт образованието во Охрид го допре дното, нема нови градинки, ниту училишта

СДСМ откако дојде на власт образованието во Охрид го допре дното. Со СДСМ и градоначаликот Константин Георгиески нема нови градинки, нема нови училишта. Со ребалансот на буџетот имаме 1.791.500 денари помалку општински средства за основно и 3.500.000 денари помалку за средно образование, ова деенска преку прес-конференција го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-За капитални инвестиции и реконструкции на основни училишта минус 8.000.000 денари и 3.000.000 денари помалку за средно образованиеСо кое лице и зарем ни малку срам многуте советници од мнозинството како просветни работници ги поддржаа скандалозните предлози на Георгиески? Уште една наставна година учениците и наставниците останаа без ветените проекти. За жал реалната ситуација е дека со оваа Локална власт нема да има замена на надворешна столарија во ОУ „Христо Узунов“, во музичкото учлиште „Методи Патче“, ОУ „Св. Наум Охридски“ (Коњско) и ОУ „Кочо Рацин“. Реконструкцијата на подовите ќе почека на подобри времиња за ОУ „Григор Прличев“ и  ОУ „Кочо Рацин“ (Горно Лакочереј), потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Од партијата бараат Георгиески да одговори зошто дозволи да се скратат средствата за санацијата на тавани и кров во Основните училишта во Горно Лакочереј и во Коњско?

-Се кратат средства за обезбедување на училиштата и градинките со чуварска служба, а нема средства ниту за наградување на најдобрите наставници. Зошто Георгиески предложи да се скратат средства за реконструкција на подови во Гимназијата и во ЕМУЦ, како и за санација на покривот во Гимназијата? СДСМ и Георгиески кратат милионски суми на деца и нивната безбедност, како и правото на основни услови за работа за образовните институции. За градинки се кратат 16.300.000 денари, средства кои беа ветени за надградба, а сега се намалуваат на само 5.000.000 за санација на објект Централна. Локалната власт предводена од СДСМ и Георгиески е против изградба, реконструкција и уредување на отворени спортски терени и дворни места во основните и средните  училишта. Ништо од инвестицискиот бум во образованието лицемерно најавуван пред изборите. Единствено што добија учениците се нови свидетелства со Северна Македонија. Со СДСМ и Георгиески 2019 година ќе биде година на срамот во образованието! Докажаа дека не знаат да определат приоритети, работаат непосветено, неодговорно и  недомаќински за доброто на Охрид и охриѓани, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.