недела, 9. мај 2021. Вести денес: 130
home Општини

ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид: СДС со брутална партизација и со некомпетентни кадри, Охрид го турка во хаос

ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид: СДС со брутална партизација и со некомпетентни кадри, Охрид го турка во хаос

До каков степен дојде СДС и градоначалникот Јован Стојаноски да молчи и глава да не крене од срам. Нивна одлика стана противзаконско работење, брутално кршење на законот и носење незаконски одлуки извршувајќи криминал. Без никаков образ СДС одбра да молчи. Дали со молкот ја признаваат вината бидејќи не знаат што да одговорат? – запраша на денешната прес-конференција Перчо Божиновски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Зошто градоначалникот Јован Стојаноски не презема мерки за ставање вонсила на противзаконските донесени одлуки за управни и надзорни одбори, знаејќи дека по поднесена претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, тој е должен да донесе решение за запирање на примената на одлуките? Кој од новоизбраните членови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија во Охрид: поседува меѓународно признат сертификат за познавање на странски јазик и положен психолошки тест и тест за интегритет, согласно „Законот за јавните претпријатија“? Зошто нема кривична одговорност и не е разрешена директорката на ЈП „Градски Гробишта“ од страна на градоначалникот Јован Стојаноски? Не слушнавме одговор во кое својство се обраќа до приватен оператор, дали има одобрение од надлежните органи, во интерес на кого и кој е толку моќниот граѓанин пред кого не покажала непослушност? По срамната одлука на нестручниот Управен одбор да не се дозволува закоп на покојници с`е додека не се плати целосно гробното место замислете повторно се прекршува законот. Директорката потпишува противзаконска одлука донесена од Управниот одбор за изнајмување тезги за цвеќе и свеќи без Оглас за јавна набавки и што е уште посимптоматично давајќи ги повторно по иста цена на истиот закупец на кого не му бил продолжен договорот. Зошто не е избран најповолен понудувач на оглас? Повторно ли се слушаат партиските наредби? Граѓаните ги чекаат одговорите…Охриѓани јасно гледаат дека СДС со брутална партизација на претпријатијата и со поставувањето некомпетентни партиски кадри, Охрид го турка во хаос. Единствено нешто на коешто се надеваат е дека ќе ја одложат правдата, но бегање нема. Одговорност ќе има! Казната ќе стигне!“- истакна Божиновски.

Коронавирус