сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 27
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Константин Георгиески е синоним за криминал и корупција во Охрид, а за функционерите на СДСМ не важи законот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Константин Георгиески е синоним за криминал и корупција во Охрид, а за функционерите на СДСМ не важи законот

Власта на СДСМ предвoдена од градоначалникот Константин Георгиески е синоним за криминал и корупција. За функционерите на СДСМ не важи законот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапи по доставената претставка од страна на ВМРО-ДПМНЕ за судир на интереси со барање Комисијата навремено да реагира во однос на случајот со советникот Сашо Ставрески поради извршување на две функции истовремено. Антикорупциската комисија треба веднаш да констатира состојба на судир на интереси кај советникот Ставрески бидејќи е член на Советот на општина Охрид и истовремено врши функција в.д. директор на ОУ „Григор Прличев“. Законот за спречување на корупција и судирот на интереси е јасен и дециден во член 44 став 2 за неспоивост на функции и дека во тој случај се губи статусот на член на советот, додаваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид прашуваат зошто ваквата ситуација не е констатирана од претседателот на Советот на општина Охрид?

-Георгиески да одговори која е причината што се чека да се свика седница на која ќе се констатира разрешувањето? Посочуваме дека советникот треба доброволно да се откаже од извршувањето на едната од двете функции кои во моментов ги извршува со што ќе ја отстрани состојбата на судир на интереси во која се наоѓа. Господо од СДСМ, Судирот на интереси е предворје на корупцијата. Наместо власта на СДСМ да ги почитува законите, таа учествува во судир на интереси и ги прекршува законите, стои во партиското соопштение.

Коронавирус