понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 38
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Институцијата Совет на град Охрид го достигна дното, ги повикуваме надлежните институции сериозно да се позанимаваат со случајот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Институцијата Совет на град Охрид го достигна дното, ги повикуваме надлежните институции сериозно да се позанимаваат со случајот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид осудува секаков вид насилство и затоа остро реагираме и го осудуваме вчерашниот инцидент на седницата на Совет на општина Охрид, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК ОХРИД.

-Институцијата Совет го достигна дното за што ВМРО-ДПМНЕ постојано апелираше и предупредуваше за неговото институционално паѓање. Тоа се случуваше изминатите две години преку низа  непринципиелности, праксата на недоаѓање на седниците на Совет на предлагачите, суштински грешки во одлуките, незаконските одлуки ставајќи ги во преден план партиските интереси и ред нерегуларности. Дигнитетот на Советот е нарушен на што предупредивме дека непринципиелни предизборни договарања, компромитирачки одлуки не водат кон добро и интерес на граѓаните, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид ги повикуваат надлежните институции сериозно да се позанимаваат со случајот за што не смее никакво толерирање.

-Локалната Власт на институцијата која припаѓа на граѓаните и го зададе најнискиот удар за што ако има грам совест ќе си понесе одговорност. ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид будно ќе го следи епилогот на правната разврска, стои во соопштението на партијата.