сабота, 17. август 2019. Вести денес: 76
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Дали Георгиески мисли дека со лажните градежни зафати ќе го нашминка градот и ќе ги купи гласовите на Охриѓани?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Дали Георгиески мисли дека со лажните градежни зафати ќе го нашминка градот и ќе ги купи гласовите на Охриѓани?

СДСМ и Константин Георгиески ја потценуваат интелигенцијата на Охриѓани. Злоупотребата на државни ресурси во изборната кампања за Георгиески стана навика. Дрско и лицемерно е на партиски прес денеска да се појави со службеното возило. Замислете и тоа прес за Кејот. Георгиески да признае дека средствата за Кејот се пропаднати, а не да ги лаже Охриѓани. Вината за очајна состојба треба да ја признае, ова денеска на пресконференција за јавноста го истакна Перчо Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали Георгиески мисли дека со лажните градежни зафати ќе го нашминка градот и ќе ги купи гласовите на Охриѓани? Со камиони сега ќе ги натерате да заборават на црнилата, маките и тешкиот живот? Охриѓани имаат добра меморија и добро се сеќаваат што вети СДСМ и знаат дека речиси ништо од тоа не е исполнето. После повеќе од година и половина се чекаше сега пред избори машините да работат. Георгиески да одговори дали ова се ветените проекти или само ситни зафати што е обврска на локалната самоуправа кон граѓаните? Врз основа на кои проекти и одобренија работи сега? Немате ниедно одобрение и затоа господа од СДСМ работите ноќе и во темница. Никој повеќе не паѓа на евтини финти, вели Божиновски.

Тој додава дека свесни за слабиот рејтинг и поразот на изборите сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти.

-Кочницата за убав град се СДСМ и Георгиески. Ниту цела владина ескадрила, ниту сите министри нема да го спасат Георгиески од поразот. На 21 април народот ќе ја врати власта во свои раце, а Охрид ќе биде убав град, град на дела и проекти.