вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 69
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани: СДСМ и градоначалникот Николчо Илијев на половина од мандатот немаат реализирано ниту еден клучен проект што го ветија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани: СДСМ и градоначалникот Николчо Илијев на половина од мандатот немаат реализирано ниту еден клучен проект што го ветија

Поминаа две години откако СДСМ ја презеде локалната власт во Општина Кочани. Две години власт исполнети со  лаги и манипулации, не работа и неспособност. СДСМ и градоначалникот Николчо Илијев на половина од мандатот немаат реализирано НИТУ ЕДЕН клучен проект што го ветија. А ветуваа многу.Денес, без срам се пофалија со 90% реализирана изборна програма!!! Граѓаните прашуваат –каде и во што?!Ветуваа гасификација, ветуваа театри, старечки домови, музеи, нови градинки, нови мостови и сообраќајници, а сите сме сведоци дека БУКВАЛНО НИШТО не остварија или  како што граѓаните секојдневно  со право коментираат шајка немате заковано две години, изјави денеска Кирил Георгиев од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани кој додаде:

„Ветуваа чиста вода и чист воздух, но сето тоа  било ветер и магла. Кочанчани се гушат во загадениот воздух секојдневно, а СДСМ нити знаат нити се трудат, нити се способни да го решат проблемот. Кочани од најчист се претвори во најзагаден град, со фекалии кои секојдневно течат по Кочанска река. Ветија нов сообраќаен режим, сообраќаен режим нема, но има режим за вработените кои не се истомисленици! Ветуваа финансиска помош за секое новородено дете, но и тоа остана само лажно ветување. Нема нови инвестиции, нема нови работни места. Се вработуваат само сопруги, деца и роднини на функционерите на СДСМ.“

-Кочани е зафатено од епидемија на непотизам. Многу лаги за овие 2 години. Јасно е на сите дека СДСМ функционира само со лаги и манипулации, но изненадени сме од Николчо Илиев кој единствено се грижи за својот углед и нема способност да ги согледа последиците од своето неработење. Младите се помасовно се иселуваат. Разочарани од неспособната власт на СДСМ огромен број Кочанчани својата можност за поквалитетен живот ја  бараат што подалеку од Кочани, потенцираше Георгиев кој подвлече:

„СДСМ заедно со градоначалникот Николчо Илиев, во овие две години покажаа дека се неспособни да испорачаат резултати, нити знаат да управуваат со општината. Времето покажува дека нивните предизборни ветувања се само измама и служат за манипулација на граѓаните. На Кочани му е потребна обнова. Обнова која ќе стави крај на измамите, лагите и неработењето. Обнова за развој на општина Кочани.“

Коронавирус