недела, 12. јули 2020. Вести денес: 100
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци: Поминаа 5 години, а СДСМ се уште лаже дека може да ги изманипулира граѓаните со истите проекти во Кавадарци

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци: Поминаа 5 години, а СДСМ се уште лаже дека може да ги изманипулира граѓаните со истите проекти во Кавадарци

Лагите на СДСМ немаат крај. Поминаа 5 години, СДСМ се уште лаже и се уште СДСМ се залажува дека може да ги изманипулира граѓаните со истите проекти во Кавадарци, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци.

Бетијан Китев во 2014 вети наводнувачки систем со пумпни станици во местото викано Пржолата со кој ќе се наводнуваат над 600 хектари површина во атарот на селата Ресава и Брушани. Најверојатно СДСМ ќе го ветува истото и сега. Имаа цели 3 години да го реализираат овој проект, но од проектот нема ни П. Од сето она што го ветуваа СДСМ и Бетијан Китев во 2014 останаа само лагите и измачените лица на земјоделците во атарот на овие населени места. СДСМ во предизборието ветуваше мед и млеко, трчаа по граѓаните и ветуваа се што ќе им текне на принципот: Што сакаш, тоа ќе ти исполниме. Денеска од власта на СДСМ можеме да видиме само молк и бегање од одговорност, велат од партијата.

Од таму додаваат дека нема ветување што го исполнија. Се што ветија, се излажаа. Сега повторно ќе ви доаѓаат ќе ви ветуваат, ќе ве манипулираат и ќе ве лажат, вие самите најдобро знаете дека ништо нема да реализираат. Доаѓа обновата на Македонија. Доаѓа време кога ќе треба да се сноси одговорност пред граѓаните за се она што е излажано. Доаѓа време кога после 12 април ќе се реализираат сите неопходни проекти за граѓаните со прецизни рокови. СДСМ никогаш повеќе нема да биде на власт, а Зоран Заев никогаш повеќе нема да биде премиер.

Парламентарни избори 2020