понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош ќе застане на страната на жителите на Трнодол и Жданец, бараат повлекување на спорниот ДУП од Богоев

ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош ќе застане на страната на жителите на Трнодол и Жданец, бараат повлекување на спорниот ДУП од Богоев

Членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош денеска преку прес-конференција заедно со претседателот Тони Јаревски му порачаа на Стефан Богоев и општина Карпош дека ќе застанат на страната на жителите на Трнодол, Жданец и Козле кои се револтирани од новиот предлог детален урбанистички план.

-Измина цела недела исполнета со немир, конфузија и страв на жителите од Трнодол и Жданец како последица на иницијативата на Богоев и СДС за нов Детален урбанистички план за овој дел од Карпош, ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јарески.

Тој прашува доколку никој од граѓаните не побарал, ниту пак имало изразено потреба од нов ДУП, зошто по секоја цена се инсистира да тече постапката за нов ДУП? ВМРО ДПМНЕ OK Карпош е со целосна подршка на жителите на Трнодол, Жданец и Козле кои се револтирани од новиот предлог Детален урбанистички план.

-Сакам да го прашам Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, дали единствената причина за новиот ДУП е оваа барака пред која стоиме и овие две парцели државно земјиште кои ги спојувате само за да уцртате маркица за фирма блиска до Вас и СДС, за истата фирма која гради уште една зграда пред мајчин Дом во Аеродром исто така спорна за Аеродромци. Со новиот ДУП, на местото на оваа трошна барака се предвидува изградба на 13,2 односно 15метри висока зградасо со 400 м2 деловен простор и 2000 м2 станбен простор. Повторувам, зграда со 2000м2 станбен простор на локација каде има ризик од лизгање на земјиштето? Тоа се 35 до 50 стана во вкупна вредност од околу 3 милиони евра!!! На крајот, сакам да истакнам дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Советот на општина Карпош ќе бидат на страната на жителите од Трнодол и Жданец за повлекување на овој спорен ДУП, а Вие Градоначалниче во меѓувреме размислете добро и одлучете се дали Ви е поважен мирот, спокојот и нормалното секојдневие на нашите сограѓани или интересот Вашите блиски да градат тука зграда, додава Јаревски.