сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Гевгелија: Градоначалникот Сашо Поцков не реализираше ниту еден проект од неговата програма за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ ОК Гевгелија: Градоначалникот Сашо Поцков не реализираше ниту еден проект од неговата програма за локалните избори

Се наоѓаме пред железничката станица во Гевгелија ,која денес се наоѓа во катастрофална состојба.Да потсетиме, во 2016 година кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ беа обезбедени средства за обнова и рестарвација на истата. Но, заради неспособноста на функционерите од СДСМ, овој проект се уште не е реализиран,потценувајќи ги гевгеличани ,кои беа сведоци и креатори на современиот живот,благодарејќи на средбите на железничката станица.
Ова е уште еден пример за неспособноста на власта,a неработата е нивна главна одлика. Но, уште поголем проблем е тоа што негативниот пример на работа на централната власт го следи и градоначалникот Сашо Поцков на штета на граѓаните на општина Гевгелија, изјави денеска Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Гевгелија кој додаде:

„Изминаа две години откако СДСМ ја освои локалната власта во општина Гевгелија Изминаа две години,а градоначалникот Сашо Поцков не реализираше ниту еден проект од неговата програма за локалните избори 2017 год. Изминаа две години во кои локалните власти заборaвија да работат за подобар живот на граѓаните на општина Гевгелија а кој силно го ветуваа. Денес, имаме нефункционална општина Гевгелија која стагнира бидејќи приоритет се внатрепартиските интереси,наместо интересите на граѓаните на општина Гевгелија Градоначалникот Сашо Поцков доби шанса да направи нешто повеќе за нашата општина,но немањето визија за успешна Гевгелија придонесе нашата општина 2 години да стагнира. Општина Гевгелија стагнира затоа што две години има неразвоен буџет и ниту еден капитален проект во реализација.“

Сарамандов потенцираше дека Општина Гевгелија стагнира затоа што две години нема донесено ниту еден урбанистички план со што целосно е закочен развојот на нашата општина.

„Општина Гевгелија стагнира затоа што две години локалната самоуправа и ЈПКД Комуналец се уште не можат да го реализираат грантот од 2,5 милиони евра од КФ банка добиен во време на ВМРО ДПМНЕ. Општина Гевгелија стагнира затоа што две години владее хаос во ЈПКД Комуналец,а на граѓаните на општина Гевгелија не им се испорачуваат услугите. Општина Гевгелија стагнира затоа што две години локалните власти не сакаат да го решат проблемот со депонијата. Општина Гевгелија стагнира две години бидејќи учениците во ОУ Крсте Мисирков немаат наставник по физичко и здравствено образование што е спротивно на законот за образование. Општина Гевгелија стагнира две години бидејќи вработените во градинките на 2 пати остануваат без здравствено осигурување заради пропусти,а одговорност никој да понесе. Општина Гевгелија стагнира две години бидејќи жителите на Миравци, Петрово, Давидово, Милетково и Смоквица се принудени секојдневно да патуваат по регионален пат кој не ги исполнува условите нити за локален пат. Општина Гевгелија стагнира две години бидејќи жителите на Негорци и Прдејци се соочуваат со нередовна дистрибуција на вода за пиење и намалена јавна хигиена.“

-Општина Гевгелија стагнира две години заради самоволието на месната заедница во Богородица. Општина Гевгелија стагнира две години бидејќи граѓаните на село Моин се уште не се приклучени на градскиот водовод. Господине Сашо Поцков, ветивте многу проекти,ветивте подобар живот за граѓаните на општина Гевгелија,но вие, нити изразивте волја да ги решавате проблемите ,нити покажавте способност да ја развивате во правилна насока општина Гевгелија. Нема систем, нема проекти, нема пари за народот,нема грижа, нема идеја, подвлече Сарамандов и посочи:

„Дојде време се погласно да зборуваме за негативните работи кои и штетат на нашата Гевгелија и Република Македонија. Дојде време да се слушне гласот на народот.Дојде време кога со делување и гласно размислување, на оваа ненародна власт ќе и покажеме дека веќе се на работ и дека назад нема.
За среќа, нашата татковина ја има нашата генерација која ја прифаќа задачата да се зафати со обнова на Република Македонија. Сите заедно ,секој со свој придонес и идеи, затоа што Македонија заслужува и Гевгелија заслужува, заедно да ја започнеме ОБНОВАТА!“

Коронавирус