среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба: Георгиевски без тронка срам излага и ги лаже граѓаните за некакви постигнати резултати во изминатите две години

ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба: Георгиевски без тронка срам излага и ги лаже граѓаните за некакви постигнати резултати во изминатите две години

Градоначалникот Борис Георгиевски без тронка срам излага и ги лаже граѓаните за некакви постигнати резултати во изминатите две години, ова како реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба го истакнаа од партијата.

-Демек Општина Гази Баба одела на подобро … Но поучен од својот ментор Зоран Заев кој во денот кажува најмалку по 2-3 лаги и невистини, па потоа сам се демантира, истото мора да го прави и Градоначалникот Борис Георгиевски. За кои постигнати резултати говори Георгиевски ? За запуштена општина во која има депонии на секој чекор, за општина во која се уште се говори за вода за пиење, за водоводни и фекални канализациони системи, а да не зборуваме за подобро место за живеење и подобра инфраструктура. Фактите говорат дека изборната програма на Борче Георгиевски за локалните избори била лажен памфлет, таа денес е пример како се потценуваат и мамат граѓаните за нивниот глас. Георгиевски излажа дека ќе воведе гасификација во општината, како и изградба на фекална канализација во Трубарево, Јурумлери, Идризово, Гоце Делчев, Црешево, Булачани, Виниче, Смилковци, Раштак и Ченто. Градоначалникот на општината отиде дотаму во своите предизборни мамења при што ветуваше поголем опфат на згрижување на децата и олеснување на животот на семејствата со ветување за изградба на детски градинки во Керамидница, Инџиково, Трубарево и Сингелиќ кои до денес не се воопшто започнати, потенцираат од партијата.

Во нивната реакција стои и дека списокот на ветени и нереализирани проекти продолжува со најавената изградба на нов трговски центар во Маџари, катна гаража во Ченто, спортско-рекретивен центар во Црешево, отворен базен во Хиподром. Жителите на урбаната заедница Автокоманда не ја добија ветената поликлиника која Георгиевски и СДСМ ја најавија како подобрување до пристапот на здравствени услуги, младите од оваа населба беа изневерени преку неисполнетото ветување за нова спортска сала, а за сообраќајниот хаос, немањето слободни паркинг места, не справувањето со кучињата скитници и да не говориме. Нема никакви инвестиции во изградба на нови булевари, мостови, игралишта, не се реализира асфалтирање на улици, не се прават пешачки и велосипедски патеки.

-Клучни локации, булевари и улици се во целосен мрак, за кои локалните власти ништо не превземаат. Во мандатот на Георгиевски масовно се сечат дрва и се уништува зеленилото како никогаш до сега при што реакциите и протестите на граѓаните се игнорирани. За сметка на тоа загадувањето урива рекорди и го загрозува здравјето на луѓето. Неговата програма е мртво слово на хартија, нема ништо од ветеното. Му порачуваме на Градоначалникот Георгиевски да ја отвори својата предизборна програма и да се потсети на своите лажни ветувања.  Денес граѓаните се целосно исклучени во водењето на општината. Оправдан е нивниот револт и гнев, ги разбираме и нивните изневерени очекувања, но затоа Обновата на Македонија доаѓа набрзо која ќе резултира со прогрес на секое поле од општествениот живот во Република Македонија, стои во нивната реакција.

Коронавирус