понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Власта и градоначалникот Георгиевски не реализираа ниту еден проект за младите

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Власта и градоначалникот Георгиевски не реализираа ниту еден проект за младите

Локалната самоуправа и градоначаникот веќе четврта година како ги имаат заборавено младите. Секој ден се повеќе млади се разочарани, а власта и градоаначникот спијат. Ветија многу проекти за младите, а за жал реализијата е нула, изјавија денес од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Оттаму прашуваат до каде е формирањето на локалниот младински совет преку кој претставниците ќе имаат право да предлагаат точки на дневен ред на советот на општината?

-Во Охрид и по една година и неколку месеци ова тело се уште не е формирано. Не гледаме дека власта има локална стратегија за младите, слушаме само ветувања, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Коронавирус