сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Проекти за светла иднина во Видобишта, Бараки, Илинден и Црногорци

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Проекти за светла иднина во Видобишта, Бараки, Илинден и Црногорци

За жителите на населбите Видобишта, Бараки, Илинден и Радојца Новичиќ-Црногорци гарантираме проекти за светла иднина, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение: 

Пред жителите на овие населби се обврзуваме на:

Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште.

Асфалтирање на улици и краци во населбата Гоце Делчев-Бараки.

Измена и дополнување на ДУП за 11-та и 12-та Урбана Заедница.

Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците ,,Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”.

Изведба на атмосферска канализација на улиците „Ристо Чадо”, ,,Прва ударна македонска бригада” и „Андреја Јованоски”.

Реконструкција на улиците „Андреја Јованоски” и „Живко Чинго”.

Проекти за кои гарантираме реализација во населба Радојца Новичиќ:

Партерно уредување на коритото на река Сушица.

Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „6 Бригада“ и „130“.

Асфалтирање на краци на улиците „Радојца Новичиќ“, „28 Април“, „130“ и „Петрино“.

Ние, сите заедно, со народот сме силата која единствено може да направи промени.

Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков!

На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина!

Коронавирус