петок, 3. декември 2021. Вести денес: 139
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Повеќе од недела дена нема никаква реакција од страна на властите за бесправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Повеќе од недела дена нема никаква реакција од страна на властите за бесправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро

Повеќе од недела дена нема никаква реакција од страна на властите за бесправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро, ова денска на прес-конференција го истакна Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

-Без дозвола се гради бетонска база на самиот брег на езерото. Ваквото бесправно градење и непочитување на законите од страна на локалните моќници е возможно само во вистински режим, како овој на Зоран Заев и криминалната влада која ја предводи. Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен од страна на УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници. Локалната власт која е во директна спрега со Усеини е на пат да го сруши угледот на Охрид во светот, потенцираше Петкоска.

Таа додава дека бетонската  база е опасност како за статусот на Охрид како град под заштита на УНЕСКО, така и по Охридското Езеро, кое е природно богатство на Република Македонија.

-Ја повикуваме централната власт веднаш да превземе мерки за запирање на ова дивеење среде Охрид, и доколку во најкус можен рок ништо не се превземе, штетите ќе бидат преголеми и ненадоместливи. Законот е јасен и дециден. Дивеењето на урбаната мафија мора да запре. Мора да бидат превземени мерки согласно закон. Секој оној кој сега спротивно на закон го овозможува хаосот и градењето без дозвола ќе биде санкциониран кога ќе се врати владеењето на правото во Република Македонија, рече Петкоска.

Коронавирус