среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за партиски вработувања во Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за партиски вработувања во Прилеп

Во надеж дека ќе го избегнат големиот пораз кој им следува на 12-ти април, расипничката власт на СДСМ деновиве продолжува со партизирање и уништување на институциите.

Само во текот на вчерашниот ден дури 17 лица се вработени со договор на дело во ЈП Водовод и канализација во Прилеп. Со тоа вкупната бројка на нововработени партиски послушници во ова претпријатие стигна на околу 90.

Дали дел од овие нови вработувања е и директорката на ЈП за ПУП, Мери Цветаноска, и доколку е вистина од што бега и од што се плаши оваа навидум “успешна” директорка?

Дали можеби сомнителната набавка на 4 автобуси за 1 милион евра е причина за Цветаноска да бара прибежиште во ново јавно претпријатие?

Вработувањата на роднините од партиските функционери на СДСМ и вработувањата на партиските послушници има и своја цена.

Од овој месец сметките за вода добија и ново покачување, па сега со сигурност може да се каже дека прилепчани ја пијат и користат најскапата вода во Република Македонија и плаќаат астрономски сметки за вода, се вели во Фејсбук статусот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.