петок, 22. февруари 2019. Вести денес: 140
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на општина Свети Николе се уверија во дволичноста и лагите на СДСМ во нивната општина

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на општина Свети Николе се уверија во дволичноста и лагите на СДСМ во нивната општина

Граѓаните на општина Свети Николе, но и на цела Република Македонија, за период од една ипол година владеење се уверија во дволичноста и лагите на СДСМ во нашата општина. Целата кампања за локалните избори во предизборниот период им беше негирање и доведување во заблуда на јавноста за проектот што треба да се реализира во нашата општина, Регионалниот центар за собирање и рециклирање на отпад во реонот на с.Мечкуевци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе.

– Омаловажуваа, навредуваа и понижуваа безобзирно на најнизик можен начин, водеа невидена негативна кампања од скриени профили на фејсбук,само да добијат некој политички поен за да дојдат на власт. Она што претходниот совет со помош на дел од советниците од тогашната опозиција го изгласаа и го добија како проект,на СДСМ не им чинеше и фрлаа и дрва и камеања по ВМРО ДПМНЕ пред да дојдат на власт,а еве сега излезе дека им чини,па дури сега и нивниот лидер Зоран Заев сега укажува дека не треба да се шири паника и дека тоа бил нивни, повторувам, нивни најдобар проект, а претходно на митингот во Свети Николе за време на изборната кампања за локалните избори иако лично присутен-мудро молчеше. Со нетрпение очекуваме да видиеме дали сега градоначалникот Сашо Велковски ќе излезе пред граѓаните на општина Свети Николе да им каже дека тој проект е навистина добар или пак мудро ќе молчи како неговиот лидер тогаш? Како тоа она што го напаѓаше како проект и ветуваше јавно на митинг дека нема да се реализира,сега одденднаш ќе се реализира? Ние нема да се криеме зад лажни профили,да омаловажуваме и навредуваме како СДСМ бидејки тоа е начин на кој функционираат тие,а со тоа ја покажаа нивната политичка некултура, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе.

Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе бара од локалната власт на СДСМ предводена од градоначалникот Сашо Велковски јавно да се произнесе за овој проект и да им каже на граѓаните што планира со него во иднина.

-Поради тоа,советничката група на ВМРО ДПМНЕ во советот на општина Свети Николе на последната јавна седница побараа дополнување на дневниот ред токму со оваа точка односно Информација за активностите и реализација на проектот за изградба на регионалната депонија со барање да бидат присутни и надлежни лица од Министерството за животна средина. Но,ние знаеме дека оваа тема се одложува тенденциозно,за да се завршат сите активности без присуство на јавноста и дека ваква седница на совет ќе се закаже дури откако ќе се завршат сите правни процедури , што впрочем е и пракса на владеењето на оваа власт. Доколку мислате дека ќе се заборави што ветувавте – многу ГРЕШИТЕ. Ние ќе бидеме секогаш тука, заедно со граѓаните на општина Свети Николе да ве потсетуваме на ветеното, истакнуваат од партијата.