понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 263
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Општини

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на протест против политичкото насилство од страна на СДСМ во Делчево

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на протест против политичкото насилство од страна на СДСМ во Делчево

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна вечерва излегоа со кратко вонредно соопштение.

Од опозицијата во Делчево ги повикаа граѓаните на протестен караван со автомобили по улиците низ градот за утре вторник (30.06.2020 година) со почеток во 19.30 часот. Протестот се организира како одговор на политичкото насилство кое што според опозиционата ВМРО-ДПМНЕ го прават активисти и функционери на СДСМ врз политичките неистомисленици.

Како хронологија на овој перманентен притисок кој што опозициската ВМРО-ДПМНЕ го трпи во Делчево и причина за овој протест од опозицијата ги наведуваат настаните со кршење на шофершајбната на семејното возило на родителите на кандидатот за пратеник Драган Ковачки како и денешниот инцидент на следење на кандидатката за пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Христина Смилевска.

ИЗВОР: БРЕГАЛНИЧКИ.МК

Парламентарни избори 2020