четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 117
home Општини

Власта повторно излажа: Не се почитува уредбата за ослободување од плаќање на закуп за социјални станови во Велес

Власта повторно излажа: Не се почитува уредбата за ослободување од плаќање на закуп за социјални станови во Велес

Почитувани сограѓани, на лицемерието и лагите на СДСM им нема крај. Имено, во првиот пакет мерки донесен на 18.03.2020 година со кој требаше да се ублажи економската криза како и осиромашувањето на граѓаните од Ковид 19 кризата, Владата на нивната татковина предложи неколку мерки од кои дел не се спроведоа, а за повеќето граѓаните  речиси и да не беа заинтересирани поради многуте услови кои воопшто не беа олеснителни, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Велес.

Во продолжение следува интегрален текст од нивната прес-конференција:

Како единаесетта точка од првиот пакет мерки, беше наведено:

„Да се одложи плаќањето закуп за социјални станови.

Плаќањето закуп за социјалните станови ќе се одложи за сите корисници, а исто така и ќе се одложи и плаќањето закуп и за граѓаните, а за фирмите ќе се донесе посебна уредба по ова прашање.”

Но, како и целиот гол популизам, така и ова испадна една класична лага.

Државата продолжува и покрај уредбата да праќа сметки без никакво одложување за закупнина на овие станови чии корисници се семејства и лица од социјален ризик односно лица со ниски примања, корисници на социјална помош или еднородителски семејства. За 144 семејства од Велес оваа мерка која им даде барем трошка надеж дека некој помислил и на нив се испостави дека е класична лага.

За овие семејства кој се закупци на становите кои се во владение на АД за изградба и стопанисување на станбен и деловен простор дополнително се стасани се и решенија за продолжување на договорите кој ќе ги олеснат и нивните скромни семејни буџети со по неколку неколку илјади денари за комплетирање на документацијата која е потребна, а тука спаѓаат изјавите на нотарите и катастарската документација.

Лажната солидарност и скромноста која ја прикажуваа членовите на СДСМ веќе не може да се сокрие.

Лажната солидарност тие ја искористија исклучиво за класичен поткуп на граѓаните, додека на овие луѓе на кои навистина им треба помош потполно заборавија.

Затскривањето позади параванот на Кризните штабови и „волонтеризмот” само дополнително ги избламира, но најжално од се е што ги оставија луѓето да се снаоѓаат и да преживуваат сами како што можат додека тие се пазарат за личните кариери и личните интереси.

Станарите од овие станови ќе ве казнат за овие лаги толку силно, што уште долго веќе нема да ви текне да ги спомнете, а не пак да пробате да ги манипулирате.

За крај, бидејќи ситиот на гладниот не верува, секој ќе си жнее она што си го сеел.

Локални избори 2021