среда, 18. септември 2019. Вести денес: 1
home Општини

Владев: СДСМ се најголемите гробари на земјоделство во историјата на Македонија

Владев: СДСМ се најголемите гробари на земјоделство во историјата на Македонија

-Канцелариските политичари од СДС најдоа да зборат за земјоделство и земјоделците. Најголемите гробари на земјоделство во историјата на Македонија се фалат со нормално туѓи проекти во оваа дејност. Да ги потсетиме: Земјоделските субвенции проекти Млад Земјоделец, зелена нафта, распределба за земјиште на младите земјоделци и многу други се проекти донесени од владата на ВМРО ДПМНЕ за што на СДСМ им требаше дури 3 години за да почнат конечно некако да ги реализираат, изјави Дејан Владев претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Свети Николе кој додаде:

„Зборот е збор, нели, да но само што денес земјоделците се постојана мета во смисла на нередовна и селективна исплата на субвенции, закани и уцени, нема редовен откуп и редовни цени на земјоделските производи, за системот за наводнување да не зборуваме, постојано во дефект и немање на вода за што земјоделците претрпија огромна штета, и што ли уште не.“

Но затоа имаат една одлика која што најдобро ја знаат да ја практикуваат, познатата изјава на нивниот лидер ,,Живи луѓе има да јадеме”. Тоа на своја кожа го осетија 3-ца службеници вработени во МЗШВ-п.е Св.Николе кои трајно се распоредени во Велес и Кочани само затоа што се политички неистомисленици со актуелната владејачка гарнитура, потенцираше Владев и подвлече:

„Меѓу нив,тука е и Јованка Наунова,мајка со болна ќерка на која и треба постојана грижа и нега,но сега мора секојдневно да патува во Велес. Господа од СДСМ, за ова ве бидува, а за грижата за земјоделците немојте ве молам. Прво треба да се запрашате дали популизмот што го ширите има било каква реакција кај земјоделците бидејќи на вашите зборови и ветувања веќе никој не ви верува. Земјоделците го имаат направено својот избор,а фактурата ќе ви ја испорачат на следните избори кога и да се случат.