среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Општини

Владев: Младите ќе добијат нов Младински културен центар, време е за модерно Свети Николе!

Владев: Младите ќе добијат нов Младински културен центар, време е за модерно Свети Николе!

„Старата чаршија ќе добие нов лик и нов ритам, а младите ќе добијат нов Младински културен центар. Реката ќе добие нов модерен кеј со пешачка патека, зеленило и осветлување. Ќе изградиме и нови паркинзи и нови спортски сали. Новиот парк ќе биде гордост за светиниколчани, а детските градинки ќе добијат нови игралишта со нови забавни содржини.“

Ова го вети кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Свети Николе Дејан Владев во неговиот промотивен видео спот.

– Создадовме реални и остварливи проекти и знаеме како да ги реализираме. Да се обединиме! Време е за промени, време е за модерно Свети Николе, посочува тој.

Коронавирус