недела, 27. септември 2020. Вести денес: 43
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Општини

Владев: Градоначалникот од СДСМ на Свети Николе не води грижа за жителите на Свети Николе, општината тоне во смет

Владев: Градоначалникот од СДСМ на Свети Николе не води грижа за жителите на Свети Николе, општината тоне во смет

Нестручниот менаџмент на ЈКП Комуналец не само што не знае како да се справи со секојдневните работни обврски, туку нема претстава ниту идеја како да го развива јавното претпријатието. Цела година од новата локална власт уште подалеку сме од еколошката оаза која што ни ја ветуваа, изјави на прес-конференција Дејан Владев, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Свети Николе и додаде:

„Јавната чистота и хигиена никогаш не биле на олку ниско ниво, преполните контејнери, расфрланиот отпад, ареата и заразата се дел од нашето секојдневие. Зелените јавни површини се не средени, половина град нема улично осветлување, ова особено се однесува на населбата „Каракански бавчи“ каде подолг временски период не функционира уличното осветлување. А пак да не зборуваме за руралните средини во селата.  Снемува вода секој ден а нема никаква реконструкција ниту пак улици за да имаат оправдување за прекините во водоснабдувањето.“

-Нема 2 нови возила за собирање на смет, нема 2 нови возила за чистење на снег, нема специјално возило за чистење на канализационата мрежа. Новите возила кој што ни ги ветија уште од првата година од нивниот мандат. Нема  услови за здрав и нормален живот. Свети Николе не е чиста и достоинствена општина. Нема живот за сите освен за партиските кадри. Градоначалникот Сашо Велковски и СДСМ за 11 месеци не направија ништо за овој град. Новата локална власт секојдневно покажува дека е најнеспособната власт која што ја имала Свети Николе до сега.Доста е веќе со изговори, доста е веќе со оправдувања. Почнете веќе еднаш да работите во интерес на граѓаните, бидејќи ако вие не знаете има кој знае, додаде Владев.

 

Коронавирус