вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Општини

Владата на СДСМ го остава Виничко Кале да пропаѓа, не сакаат да издвојат средства во Буџетот

Владата на СДСМ го остава Виничко Кале да пропаѓа, не сакаат да издвојат средства во Буџетот

На комисиската расправа во собраниската комисија за Буџет и финансирање, Магдалена Манаскова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека владата треба да предвиди 6 милиони денари за санација на Виничкото Кале кое е споменик на културата од прва категорија. Од министерот за финансии Драган Тевдовски тоа беше отфрлено и пратениците од владејачкото мнозинство гласаа против овој амандман.

– Бараме 6 милиони денари за санација на Виничкото Кале, за да се продолжи со дејствијата за санација и конзервација на овој археолошки локалитет од прва категорија, истакна Манаскова.

Таа објасни дека како локалитет од прва категорија мора да се продолжи со санација на Виничкото Кале, дека сега без средствата кои што се бараат овој проект ќе запре. Дополни и дека се работи за проект кој започнал во 2009 година, а сега истиот се стопира, бидејќи владата не го прифаќа амандманот поднесен од опозицијата.

-На толку заложби дека ќе се продолжи со заштитата на културното наследство, сето тоа ќе остане мртво слово на хартија, констатира Манаскова осврнувајќи се на предизборните ветувања на СДСМ.