Вкупно 98 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка утре можат да го остварат своето право на глас за претстојниот референдум.
Од општинската изборна комисија Крива Паланка, информираат дека до комисијата биле поднесени 115 барања за остварување на ова право.
– Од вкупниот број поднесени барања одобрени се 98, додека 17 се одбиени поради нeпотполна документација. Своето избирачко право ќе можат да го остварат утре и лицата кои издржуваат казна во Казнено поправниот дом (КПД) во градот, каде има четири лица. Во КПД, Крива Паланка гласачкото место ќе биде отворено во седум часот, на 29 септември, а гласањето ќе трае до 19 часот, изјави Душко Арсовски, претседател на ОИК, Крива Паланка.
Информира дека избирачкиoт материјал бил доставен синоќа во 20 часот, истиoт е примен до 20 часот и 30 минути.
– Денес работиме на распоредување на материјалите по избирачки места. Досега нема никакви забелешки и активностите се одвиваат непречено, додава Арсовски.
Во општина Крива Паланка право на глaс согласно избирачкиот список имаат 16.995 граѓани кои ќе гласаат на 47 избирачки места.