петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Општини

“Вистината за ДУИ”: Општина Гостивар открива многубројни злоупотреби во ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило“

- Наследени долгови во износ од 5.250.452,00 денари или 85.000 евра, долгови создадени поради непродуктивни долгови  и некапитални инвестиции  но само за фирмите кои добиле тендери. Неплатен персонален данок на плати од јануари до септември 2017 во износ од 501.485.00 денари, запоставено е поради непознати причини иако имало доволно средства за исплата на истото.
“Вистината за ДУИ”: Општина Гостивар открива многубројни злоупотреби во ЈП “Јавни паркиралишта и зеленило“

Во рамките на кампањата “Вистината за ДУИ” претставниците на Јавното претпријатие “Јавни паркиралишта и зеленило” – Гостивар, денес на прес-конференција обелоденија повеќе злоупотреби направени во ова претпријатие од страна на претходното раководство.

Прес конференцијата ви ја пренесуваме интегрално:

“Во рамките  на кампањата започната  од градоначалникот Арбен Таравари “Вистината за ДУИ“ денеска ќе  се фокусираме на Јавното претпријатие “Градски паркиралишта и зеленило“ – Гостивар.

Врз основа на внатрешната ревизија во претпријатието,  констатирани се повеќе  престапи и процедурални неправилности:

– Наследени долгови во износ од 5.250.452,00 денари или 85.000 евра, долгови создадени поради непродуктивни долгови  и некапитални инвестиции  но само за фирмите кои добиле тендери. Неплатен персонален данок на плати од јануари до септември 2017 во износ од 501.485.00 денари, запоставено е поради непознати причини иако имало доволно средства за исплата на истото.

– Склучен договор за Јавно-Приватно партнертсво за зонско паркирање со Дуна Компјутерс Скопје на ден 14.11.2014 со Ј.П Комуналец и со анекс договорот што е наследено ова Претпријатие поврзано во ден 06.10.2015 каде во овој договор член 9 предвидено е поделба 62% нето за Јавнот Претпријатие и 38% нето за Дуна Компутерс ДОО, но во целиот период поделбата е направена во бруто порадфи за нас непознати причини, и од ова е оштетен е  буџетот на Јавното Претпријатие во износ од 300.000 денари (5000 евра) истите средства секој месец се во корист на Дуна Компјутерс ДОО Скопје, истиот договор односно анекс договор е потпишан од страна на Јавното Претпријатие, ние работиме на отстранување на овие неправилности.

– Додека во Јавното Претпријатие функционира и секторот за зеленило (каде се систематизирани работници  каде поседуваме средства за беспрекорно извршување на дејноста на зеленило) иако ги поседуваме средствата од страна на ЈП е објавен  тендер за одржување на  јавните зелени површини и хортикултурно уредување,  и го добила една приватна фирма во износ од 1.638.152 на ден 24.04.2018, од кои 638.152 денари се набавени за хортикултурно материјали и за 1.000.000 одржување на јавните зелени површини на ден 24.04.2017 , од кои ќе посочиме дека е фактурирано сечење на дрво во износ од 15.500.00 денари. Тука ЈП е оштетено за околу 1.000.000 денари.

– Во затворениот тип на паркинзи се работело со билети на рака и без фискална сметка. Само за споредба, месечните приходи од овие паркинзи биле просечно 15.000.00 денари, но сега се е фискализирано и реалните приходи од паркингот се: од 16 Ноември, значи втората половина од месецот од кога работи новoтo раководство – моментално се регистрирани приходи од 33.000.00 денари, за месец декември 100.000.00 денари, а во првите  две недели од месец Јануари (заклучно со 16.01.2018) се 129.290.00 денари, што значи дека приходите имаат раст до 660 %. Му преостанува на поранешниот директор да даде објаснување зошто приходите биле толку ниски додека реалниот капацитет на овие паркинзи се сосема поинаков“.

Коронавирус