среда, 30. септември 2020. Вести денес: 72
home Општини

Вирус ги испразни пчелните кошници во Кичевско

Вирус ги испразни пчелните кошници во Кичевско

Во повеќе села во Кичевско, кај дел од пчеларите пролетва се случува феноменот празна кошница, а кај поединечни пчелари поради вирус има угинување на повеќе од половината пчелни семејства. Штетите допрва ќе се утврдуваат, а можен преносител на овој вирус се и самите трутови, на кои им се достапни сите пчелни семејства лоцирани на едно место.

Оваа болест беше присутна и претходните години, но сезонава се прошири до таа мера што достигна епидемиски размери. Пчеларите велат дека некои од нива имаат загубено 30-40, па и повеќе пчелни семејства. Кај поединечни пчелари штетата е целосна. Засега болеста ноземоза е регистрирана на подрачјето на селата Орланци, Челопеци и Лисичани.

– Пролетните дождови придонесоа поленот да го има во минимални количества. За да ги спасиме преостанатите пчелни семејства им даваме варова вода и ставаме конзерванс на влезовите од пчелните сандаци, само да се спречи натамошното ширење на болеста и да ги намалиме штетите, вели пчеларот Сали Бектеши.

Коронавирус